Груби: Би соработувале со СДСМ, но со Зибери како премиер

46-те пратеници на СДСМ и 15-те пратеници на Демократската унија за интеграција се доволни да се избере влада и премиер, смета Артан Груби.

Во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на „Канал 5“, Груби порача дека ДУИ е стабилен партнер, а не авантуристичка партија која постојано ги менува ставовите, како и дека е тука за граѓаните, а не за да предизвика институционална криза.

Во истата реченица, меѓутоа, Груби порача дека и натаму инсистираат нивниот кандидат да е премиер:

„ДУИ е сериозен партнер и тоа многу добро го знаат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме подготвени за соработка со СДСМ, но со Насер Зибери како премиер“, рече тој.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Извор: Плусинфо

- Реклама -