„Нашиот стремеж е да станеме главниот стратешки партнер на Северна Македонија во сферата на одбраната, во име на мирот и засилена соработка на Балканот“, изјави грчкиот министер за одбрана – Евангелос Апостолакис за грчкиот „Катимерини“.
Реализирањето на Преспанскиот договор и интеграцијата на Северна Македонија во НАТО создаваат услови за зацврстување и проширување на соработката со соседната држава на полето на одбраната, порача тој.
„Нашиот потенцијален удел во трансформацијата на вооружените сили на Северна Македонија ќе им попречи на останатите регионални кандидати кои се обидуваа да извлечат полза и да влијаат преку нашиот сосед“, истакна Апостолакис.