Грција протера двајца руски дипломати, Русија возврати со истa мера

Под сомнение дека интервенирале во спорот со името со Македонија, Грција протера двајца руски дипломати.

Весникот „Катимерини“ наведува дека двајца дипломати се протерани, а на уште двајца им е забранет влез во Грција, поради мешање во внатрешните работи и обиди за интервенција во спорот со Македонија, со што негативно влијаеле на улогата на Грција на Балканот.

Атина ги обвини руските дипломати дека се обидувале да добијат незаконски информации и да поткупат грчки државни службеници.

Руското МНР донело одлука дека ќе вратат со иста мерка, односно и тие ќе протераат грчки дипломати од Русија.

Наводно, Русија се обидува преку дипломатите да го наруши Договорот од Преспа, а со тоа и стабилноста на регионот, смета официјална Атина.

- Реклама -