Грција прогласи тридневна жалост по пожарите во Атина

По пожарите во Атина, загинале најмалку 60 лица, а околу 100 се водат како исчезнати. Тамошните власти стравуваат дека бројот на загинати може да расте.

Министерството за надворешни работи на РМ, информираше дека заклучно со 15:00 часот, македонски државјани не се обратиле за помош во нашата Канцеларија за врски во Атина. Оттаму препорачуваат да се избегнуваат патувања во регионите зафатени со пожарот.

Од денеска, па во наредните денови, во Грција е прогласена тридневна жалост. Сите знамиња се на половина копје, а во голем дел угостителски и други типови на јавни објекти воопшто нема музика.

Прочитајте и:  Најмалку десетмина загинати во пожар во пензионерски дом во Шпанија
- Реклама -