Официјално, по осум години реформи, Грција излегува од економската криза и ја напушта европската програма за помош.
Со тоа, земјата се враќа на домашните и странските пазари самостојно.
Во изминативе осум години Грција успешно ја комплетираше европската програма за помош, благодарение на која излезе од големата економска и должничка криза.
ММФ и ЕУ во 2010 ѝ одобрија на Грција заем од 280 милијарди евра, што е највисока сума од програмите за помош во светската финансиска историја.