Неодамна создадената грчка вселенска агенција потпишала договор за соработка со NASA, на годишниот Вселенски симпозиум кој се одржува од 8 до 11 април во Колорадо Спрингс, САД, пренесува грчката АНА-МПА.
Договорот отвара нова ера на размена и потенцијална соработка во полето на вселенското истражување и патување, а во склоп на истиот, Грчката вселенска агенција (ELDO) ќе ја лансира и својата прва мисија на Месечината, испраќајќи робот во 2022 година.
Согласно договорот, Грција ќе учествува и во Lunar Orbital Platform-Gateway (LOP-G) – меѓународен проект предводен од НАСА чија цел е создавање и лансирање на вселенска станица што ќе орбитира околу Месечината, некаде во 2020-тите години.
Со договорот се предвидува и размена на информација и научни податоци за академски и научни истражувања, како и учество на грчките образовни институции во меѓународните програми.
Грчката вселенска агенција постои од март 2018-та.