Грозјето го топи салото

Новото истражување покажува дека грозјето го намалува воспалението и таложењето на масти во телото, како и дека ја зајакнува антиоксидативната заштита на организмот.

Природните состојки во грозјето, познати како полифенголи, се делотворни при заштита од метаболичниот синдром. girl_grapes.gif

Научниците од Универзитетот во Мичиген го испитувале ефектот на големите масни количини и американскиот начин на исхрана на срцето, црниот дроб, бубрезите и масното ткиво, кај глувците склони на дебелеење со внесување или невнесување на грозје. Внесувале црно и бело грозје во облик на замрзнат прав кој е додаван во храната во текот на 90 дена.

Интересно е тоа што тромесечната исхрана која вклучувала грозје, довела до значаен пад на воспаленијата низ целото тело, а посебно на црниот дроб и на стомачното масно ткиво. Конзумацијата на грозје довела и до губење на телесната тежина во црниот дроб, бубрезите и стомачното масно ткиво во споредба со оние кои не внесувале грозје.

Прочитајте и:  Нутриционист откри што се случува кога пиеме кафе на празен стомак

Метабоилчен синдром е група на симптоми кои вклучуваат покачен крвен притисок, зголемено ниво на шеќер во крвта, вишок на масно ткиво околу половината и ниска вредност на добриот холестерол, како и зголемено ниво на триглицериди во крвта. Сето ова во голема мера го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес. Затоа, редовното конзумирање на овошје и зеленчук се смета за добар начин да се намалат или спречат ризиците, а грозјето се покажа како особено корисно во низа испитувања.

- Реклама -