Ground Force One – автобусот на американскиот претседател вреден 1.1 милиони долари

Американскиот претседател има куп опции за превоз, а една од нив е и оклопниот автобус Ground Force One. Business Insider наведува некои од најимпресивните карактеристики на автобусот.

Ground Force One е 13-метарски автобус специјално дизајниран за потребите на тајната служба (Secret Service). Производител е компанијата Hemphill Brothers Coach од Тенеси, а чини 1.1 милиони долари.  Автобусот сепак ги оправдува трошоците.

Пред да го набават Ground Force One, Secret Service изнајмуваа нов автобус секогаш кога претседателот имаше потреба од таков, и секој од изнајмените го блиндираа и во него инсталираа разни безбедносни „алатки“.

Освен што со Ground Force One го немаат тој проблем, овој автобус може да се движи и со пукнати гуми, има блиндирана надворешност и дебели непробојни стакла. Ground Force One располага и со противпожарен систем, резервоари со кислород – за во случај на хемиски напад, и залихи од крв од крвната група на претседателот – за во случај да биде повреден. Го возат само специјално избрани возачи.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

Нормално, покрај  инструментите за безбедност, автобусот е опремен и со канцелариска опрема, телефони, телевизија, радио и интернет.

Автобусот е пред сé наменет за удобно и безбедно движење на претседателот кога патува (по копно) до најодалечените земји во САД. Во 2012-та, Обама го користеше при посетата на Охајо и Пенсилванија. Со оглед на тоа што сите прозорци, со исклучок на оние во предниот дел на автобусот, се силно затемнети, Обама мораше да застане до шоферот за да ја поздрави насобраната толпа.

За внатрешноста тешко дека ќе дознаеме.

- Реклама -