Езерце, зеленило, виножито, прекрасна глетка. Тоа била мислата на оваа жена кога ја земала камерата и решила да го овековечи моментот на полн сјај на природата на камера. Така и се случило, само не онака како што таа замислувала дека ќе изгледа.
Ако изреката „гром од ведро небо“ ја доживувавте како метафорична и претерана, погледнете го видеово:
Следниот пат, кога после бурата ќе видите виножито и ќе помислите дека е безбедно да излезете, почекајте.