Научниците од Институтот за технологија на Флорида фатија прекрасна грмотевична бура користејќи нов тип high speed камера. Видеово е снимено со 7000 фрејмови по секунда, а брзината на плејбекот е прилагодена на 700 фрејмови по секунда.
Снимката мошне спектакуларна и овозможува екстремно ретко детален увид во грмотевиците, па се очекува да помогне во нивното истражување. Сепак, не е прва од тој тип: Во 2011-та, физичарот Владислав Мазура и метеорологот Том Ворнер снимија грмотевица со камера брзина од 11000 фрејмови по секунда, што веројатно е и најдеталната снимка на грмотевица што некогаш постоела.