Еколошката организација „Гринпис“ ги обвини европските компании за гас и нафта дека „не прават ништо“ за енергетската транзиција и дека „апсолутно ги игнорираат нивните климатски обврски“. Организацијата упати апел до владите да ги принудат да го прекинат производството на фосилна енергија за да ја спасат климата.
Во извештајот на германскиот политиколог и експерт за енергија Штефен Буколд, на 110 страници, се наведува дека вкупно производство на БП, „Тотал Енерџис“ и „Шел“, е генерирано во областа на обновливите извори на енергија.
Во просек, „само 7,3 отсто од инвестициите“ на дванаесетте компании биле поврзани со зелена енергија, а 92,7 проценти биле финансирани активности поврзани со фосилна енергија, како што се гасот и нафтата, кои ослободуваат јаглерод диоксид и ја загреваат климата, предупредуваат од невладина организација за заштита на животната средина.
„Гринпис“ посочува дека ситуацијата се влоши во 2023 година.
Мнозинството европски компании за нафта и гас планираат „да го одржат, па дури и да го зголемат производството на нафта и гас барем до 2030 година, иако повеќето се обврзаа да ги елиминираат своите емисии на ЦО2 до 2050 година, посочува невладината организација.
МИА