Еден психолог рече: „Секогаш држете го детето за рака! Брзо ќе помине времето кога ќе престане да ви ја подава својата рака“.
Сè што правиме во животот на нашите деца, се враќа тројно. Ако детето расте во доверба, ќе научи да им верува на другите, ако добива љубов и подршка, ќе стане внимателно и грижливо.
Возрасните прават големи грешки кога се лути или рамнодушни, не водејќи грижа како сето тоа се одразува врз малото дете.
Не ги разбираме
Кога имав 13 години, се вљубив. Јуџин беше одличен ученик, тој беше идеален во моите очи. Но, не ми обрнуваше внимание, па и јас бев многу вознемирена, плачев. Мајка ми се обидуваше да ме утеши кажувајќи ми бесмислени зборови: „Па, што ти е тебе! Тоа е толку несериозно. Сè ќе ти помине за една година!“ А јас не сакав мојата љубов кон него никогаш да помине.
Многу години подоцна ја видов истата сцена во филмот „Не можам ни да сонувам“.
„Мамо, ја сакам Ката!“
„Ох, не биди смешен. Ќе имаш милион такви девојки!“
„А зошто вие, родителите, знаете однапред сè за нас?“
Не ги поддржуваме
Малиот Карузо трчаше од училиште со солзи во очите: „Мамо! Учителот по музичко рече дека мојот глас звучи како ветер кој одѕвони во оџакот“.
„Што зборуваш, синко! Не слушај никого. Пееш како најубав славеј на светот. Јас сигурно го знам тоа!“
Секогаш кажувај им на своите деца: „Можете да го направите тоа! Ти ќе успееш да го совладаш тоа!“- Тоа е инспиративно.
Ги споредуваме со другите деца
„Гледај ја Ања – уредна и чиста. Ти си како свиња“. Ви звучи познато?
Една работа не можам да ја разберам: Што сакаат мајките да постигнат кога кажуваат такви зборови? Освен омраза кон Ања, тешко дека ќе предизвика други емоции…
Им се потсмеваме
„Јас и мојата помала сестра отидовме до продавницата. Сестра ми имаше 3 години, а нејзиното лице беше покриено со бронки: Имаше варичела. Продавачките на кои им беше досадно и немаа попаметна работа се свртеа кон нас и почнаа да се исмејуваат. „О каква убавица дојде кај нас! Погледнете ја!“, а мене ми дојде голем наплив на лутина“.
Ги навредуваме со дела и со зборови
Во осмо одделение се сметав за зрела и самостојна девојка. Еднаш долго време седевме со татко ми и решававме задачи по геометрија, мојот мозок комплетно одбиваше да ја разбере материјата. И тогаш татко ми во лутина и бес ме удри… по задникот! Тоа не беше толку болно колку што беше навредливо! Долго време не сакав да разговарам со него. Тој не можеше да разбере што навистина ме повреди толку.
Викаме и ја губиме контролата
Се сеќавам во породилното одделение, мојата цимерка, исцрпена од плачењето на своето новороденче, го грабна и почна да го тресе и да вика: „Што ти е, што друго сакаш?“ Никогаш нема да ги заборавам уплашените очи на детето, кое не разбираше што се случува. Ми се чини дека подоцна и таа се срамеше…
Игнорираме
Верувајте ми, тоа е најлошо. Јапонски научник на целиот свет му го покажа експериментот со растенија. Три исти семиња беа засадени во три тегла. Секое утре поминувајќи покрај првата тегла научникот го поздравувал расадот и му кажувал убави зборови. Кога отишол кај другиот расад, му викал и му кажувал навредливи и грди зборови.
Третата билка едноставно ја игнорирал, поминувал покрај неа и не ја погледнувал. Не е тешко да се погоди што се случило со растенијата по еден месец. Првото растение пораснало големо, другото сосема се исушило, а третото гнилосало! Децата се како зеленото растение: Родителите го жнеат она што го посадиле по многу години!
Сега тргнете го погледот од мониторот и замислете го вашето дете. Буцкасто, смешно го собира носот и се смее со целата своја уста, и во вашето срце како одговор на тоа се буди нешто големо и нежно. Ова дете те сака безусловно: во кое било расположение, со секакви подароци, само поради тоа што вие сте неговиот татко и мајка и за таа насмевка ќе дадете сè на светот.
Сеќавајте се на тоа што е можно повеќе, и сакајте ги вашите деца!