Грешки што не смееме да си ги дозволиме кога имаме акни

Дамите склони кон акни добро знаат дека за да се задржи добриот изглед на кожата, треба висококвалитетна козметика погодна за нивниот тип на кожа. Сепак, многу од нив не се справуваат лесно со овој проблем и дозволуваат некои основни грешки. Ќе споменеме дел од нив и ќе ви предложиме неколку идеи како да ги избегнете.

1. Извадете ја шминката пред спиење

Ова е можеби најчестата грешка. Заморот по долгиот ден и ноќната забава понекогаш прави едвај да стигнете до креветот. Соберете ги последните сили и извадете ја шминката. Додека спиете, кожата има потреба да дише, а ако не се исчисти лицето, порите ви се затнати не само од шминката, туку и од потта, нечистотијата и сопственото производство на себум. За чистење користете нежен течен детергент за кожа склона кон акни или мицеларна вода, тие ќе и помогнат на вашата кожа да биде хидратирана, мека и еластична.

2. Користете соодветна козметика

Особено важно е да ја прочитате етикетата. Ова се однесува како при изборот на креми, така и при избор на декоративна козметика. Клучната состојка која треба да ја барате на избраниот производ е: некомедонен (што значи дека нема да ги затне порите) и без дополнителни маснотии.

1377433473_remedy-for-acne-cNbgeV-face-acne-treatment-860X659

 

3. Декоративна козметика

Добро е да барате декоративна козметика со минерална основа. Слични производи често се развиени и без мириси,  конзерванси, вештачки бои и др. хемиски состојки кои можат да предизвикаат иритација на кожата. Повеќето ВВ креми се такви. Овие производи имаат уште една предност – успешно ги прикриваат акните, доколку веќе ги имате.

4. Коректор – меч со две острици

Од една страна тој ги прикрива недостатоците на кожата предизвикани од акни, а и го намалува црвенилото. Од друга страна, може да ги затне порите и да причини нова појава на акни. Ако сте цврсто решени да користите сличен производ, усогласете го кон типот на кожа.

relaxwax_skincare

 

5. Пудра

Повторно треба да се користи со внимание. Нанесувајте умерени количини и вадете ја од лицето со соодветен производ.

6. Оставајте ја кожата да дише

Користете лесен дневен безмастен крем. Извадете ја шминката веднаш откако ќе стигнете дома. Оставајте го лицето барем еден ден во неделата без шминка, за да може кожата да дише. Кога ја нанесувате шминката не користете дебел слој од пудрата.

- Реклама -