Грешки што ги правиме при уредување на просторот

Не можете да се веселите во поголем простор, од оној што го имате, но затоа можете визуелно да зголемите некои делови од станот, така што ќе изгледа дека имате повеќе простор.

Во продолжение прочитајте кои се најчестите грешки што ги правиме со вселувањето и дизајнирањето на просторот.

1. Кога ставате завеси во станот, морате  да водите сметка корнезата да биде со конкретна висина и должина, односно да биде поблиску до таванот,  а завесата да биде до подот. На тој начин, визуелно просторот ќе изгледа поголем.

2. Во малите станови голема грешка е купувањето на непотребен мебел. Исто така би требало да купувате мебел по мерка, бидејќи  може да ви се случи да купите мебел што ви изгледа совршен за во вашиот стан, а кога ќе го донесете дома да изгледа преголемо, па со самото тоа и станот помал.

3. Голема грешка е и боењето на сите ѕидови во бела. Нормално дека во тој случај станот ќе изгледа поголем, но доколку сакате повеќе боја доволно е еден ѕид да биде различен, па просторот да изгледа повеќе интересен.

 

- Реклама -