На листата на најлошо облечени се најдоа фустани инспирирани од ероткса верзија на матадор, колаче- капкејк и Пинк Пантер.
Тоа е најголемата ноќ за музиката во годината, и сите очи беа вперени кон црвениот тепих додека ѕвзездите пристигнуваа на 57-то доделување на Греми наградите во Стејплс центарот во Лос Анџелес.
За жал за Мадона, вилиците паѓаа по неа но за погрешна причина. 56-годишната ѕвезда ги стиснала градите во катастрофален Живанши бурлеска фустан, со полн корсет, кожни ракавици, мрежести чорапи и високи чизми. Згора на се, таа бесрамно и вулгарно го покажа својот задник…
Убавицата од Бардадос, 26-годишната Ријана личеше на огромно розево колаче кога пристигна во пенестата дречливо розева креација на Џамабтиста Вали.
Џој Вила остави малку на имагинацијата кога таа се појави во светло портокалова пластична грдотија, дизајнирана од Андре Сориано.
Британката Чарли XCX, 22, се појави во блескав Пинк Пантер-налик смокинг дополнет со бледо розево крзно и светкави розеви потпетици.
Пејачката Сиа (39), која има два големи хита и е позната по криењето на својот лик, го направи своето прво појавување на црвениот тепих. Таа се појави со младата танчерка Мади Циглер (12) ѕвездата од нејзините спотови, и двете облечени соодветно бизарно во црни костими, покривајќи си го лицето со огромна бела перика.