GREAT WALL ПОВТОРНО МЕЃУ ПРВИТЕ ДЕСЕТ НА РЕЛИТО ДАКАР

Еден од виозачите на Haval, како и тимот на Great Wall, завршија како осмопласани во своите категории во конечниот пласман на релито Дакар, поставувајќи рекорден успех за брендот трета година по ред.По двонеделно екстремно возење по пресечени терени низ пустината Атакама и по планински правци во Андите, овогодинешното издание на најтешкото во светот рели Дакар заврши. Пилотот на Haval Dakar Team, Кристијан Лавие оствари извонреден успех, заземајќи го 8-то место во генералниот пласман на трката. Овој резултат донесе последователен успех за Great Wall од учеството во овој рели-маратон, односно кинескиот тим повторно е меѓу првите десет, трета година по ред.

-Во изминатиот половина месец, во кој се одржа рели Дакар 2014, тимот на Great Wall се претстави многу стабилно, дури и кога се соочуваше со најголемите потешкотии. На крајот на овој предизвик мора да се заблагодариме на двајцата пилоти Соуса и Лавие за историскиот успех кој го постигнаа. Благодарни сме и на целиот тим за напорите кои ги положија за да стане овој резултат реалност, изјави по завршувањето на Дакар 2014, Донг Минг, директор на Haval Dakar Team.

Шампионот на Great Wall во последните две изданија на рели Дакар – Карлос Соуса, ја  донесе и првата етапна победа во историјата на марката по почетната фаза. Португалецот за жал сепак мораше да го прекине учеството по втората етапа, поради сериозни механички дефекти на возилото.

Тркачкиот автомобил Haval, кој учествуваше на релито Дакар 2014 користеше елементи од надворешноста на Haval H8, кој треба да биде пуштен во продажба оваа година во Кина. Возилото дефинитивно изгледа поголемо и постилски со позната намена, со засилена  предница и елементи во склад со потребите. Во задниот дел Haval беше опремен со главен резервоар и маска на составот за ладење на возилото и други соодветни системи. Располагаше со две резервни гуми, четири влошки за кал и песок, како и два простори за тркачки кациги и HANS систем (уреди за потпора на главата и грбот) за пилотот и навигаторот.

Жолтиот цилиндар во задниот дел беше полн со компримиран азот со до 200 бари притисок. Добро познат факт е дека возачите го намалуваат притисокот во гумите за време на минување на посебни местата во пустината. Тие треба да бидат напумпани по донесувањето на овој терен и тоа се случува со помош на цилиндерот полна со азот.

Возачката кабина изгледа сложена и деликатна, речиси како во авионски кокпит. Сите копчиња и контролни панели се специјално дизајнирани за да бидат максимално заштитени од прашина и вода. LED дисплејот во средината на таблата со инструменти ги покажува сите информации што ги испраќаат сензорите на возилото, вклучувајќи температурата на сите течности, статусот на работа, детални информации за состојбата на безбедносните и сите помошни агрегати. Сите овие податоци помагаат на возачот и навигаторот да ја проценат моменталната состојба на возилото.

Haval беше опремен со турбо-дизел мотор, сместен ниско, близу до кабината на возачот што значително го подобрува управувањето на возилото. Тој располага со 300 КС и 700 Nm вртежен момент. Благодарение на оваа моќ Haval се движи по нерамниот терен со леснотија. Тркачки автомобил Haval за Дакар 2014 располагаше со целосно подобрени амортизери, а задните сопирачки на тркачкиот Haval имаат посебен дизајн. Ладилникот, во комбинација со вентилатор се наоѓаше во задниот простор.

Освен со тркачките автомобили, Great Wall се вклучи во релито и со други свои модели – издржлив и сигурен пикап Steed 5 и мултифункционалниот SUV Great Wall H5. Возилата  им служеа на медиумите за цело време на релито и помагаа во остранување на дефекти и на проблеми во текот на етапите.

 

 

- Реклама -