„Бојно поле“, „Џунгла“ или „Крв и прашина“, се само некои од насловите што ги красеа насловните страници на весниците во Грција во деведесеттите, кога палеа и жареа фудбалските хулигани. Крвавите судири беа честа слика на фудбалот на стадионите, на улиците во грчките градови, пред и по натпреварите. Конфликтите беа многу похардкор од денес.
„Се правевме партал многу почисто отколку денес, не играа ножевите тогаш, како денес“, вели еден ветеран меѓу навивачите.
„Едвај чекавме да дојде викенд, само пради престојниот натпревар“ додава друг.
Сликите кои ги гледате се од тепачките меѓу навивачите на АЕК, Арис, Олимпијакос, Панатинаикос и ПАОК.