По силниот земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала, што се случи на 24 мај годинава, грчкиот остров Лимнос во Егејско Море е поместен.
Епицентарот на земјотресот беше под морското дно меѓу островите Самотраки, Имброс и Лимнос.
Поместувањето на островот Лимнос е откриено од научниците од Атинскиот институт за геодинамика по нивните истражувања и анализи на податоците од ГПС станиците.
Анализите покажале дека Лимнос се поместил за пет сантиметри во југозападен правец како резултат на силниот земјотрес.