Грчки келнер со брза реакција му го спаси животот на гостин што ќе се зaдушeшe од храна (ВИДЕО)

Келнерот Василис Пателакис од еден грчки ресторан во  Чанија на Крит деновиве е вистински херој, ако не за другите, тогаш барем за британскиот турист кому му го спаси животот.

Како што се гледа од снимката на безбедносната камера, гостинот со својата придружничка има сосема пријатна вечера сè до моментот кога му залетнува парче од храната и почнува да се гyши. Борбата на Британецот за здив трае извонредно долго и покрај обидите на девојката да му помогне, сè додека Пателакис не го забележува и веднаш реагира изведувајќи Хајмлихов зафат – нешто што обично го гледаме од филмовите, бидејќи во реалноста и не се случува толку често ситуацијата да е толку сериозна.

Пателакис, иако на снимката изгледа како точно да знае што прави и лесно е да се претпостави дека ова го поминал многупати, вели дека има послужувано илјадници луѓе, но ова првпат му се случува.

По изведување на зафатот, парчето храна излетало од душникот на гостинот и избегнат бил речиси извесниот тpагичен крај на една сосема вообичаена ситуација.

Василис раскажува дека парот од снимката неколку вечери по ред вечерал во ресторанот, и дека ова требало да им биде последниот оброк пред да заминат од Грција. „Среќа што не излезе дека му е последен во животот“, вели келнерот.

Тој не открива дали гостинот, благодарен што е жив, го почестил со поголем бакшиш. „Најважно е што е жив и здрав“, вели тој.

 

- Реклама -