Грчка банкарка расплакала келнерка од Македонија во САД, а најавува и тужба за хотелот

Соочена со навредливо однесување и дискриминација од страна на персоналот на познат казино-хотел во Конектикат, претседателката на Atlantic Bank – Ненси Папајоану, зборува за нејзината дискусија со келнерка околу терминот „Северна Македонија“, пишува The National Herald, американски весник од Њујорк чиј главен фокус се темите што ја засегаат грчко-американската заедница во САД.

Како што раскажува банкарката за весникот, „инцидентот“ се случил во барот крај базенот во хотелот Mohegan Sun. Додека таа и нејзините пријатели чекале собите да им бидат подготвени, а поради топлото време, тие седнале покрај базенот. Тогаш се појавила келнерка на чија картичка до нејзиното име стоело земјата на потекло – „Македонија“.

Папајоану вели дека ја посочила грешката и почнала дискусија со келнерката, истакнувајќи дека „Македонија“ е грчки регион, и дека според Преспанскиот договор, поранешната ФИРОМ сега се вика „Северна Македонија“ – име што е задолжително и за домашна, но и за меѓународна употреба. Оттогаш келнерката од Македонија веќе не се појавила, но дошол еден од нејзините колеги, кој и претходно ги служел Папајоану и нејзините пријатели, за да ја информира дека менаџерот наредил повеќе да не ѝ послужуваат алкохол од барот, бидејќи ги повредила чувствата на келнерката и ја расплакала.

Шефицата на Atlantic Bank е гневна на таквото однесување на персоналот, особено затоа што не ни пиела алкохол, како што вели. „Прво, беше 100 степени, во сабота. Ми рекоа дека веќе нема да ми служат алкохол пред сите, пред моите пријатели и сите што гледаа. А јас не ни имав нарачано пијалок, само вода со мраз!“, тврди таа.

Папајоану се обидела тоа да го објасни и на персоналот, но и децидно тврдела дека не зборувала со келнерката на лош начин, туку се обидела да ја објасни дискусијата што ја имала со неа.

„Подоцна, на наше изненадување, дојде некој од обезбедувањето, заедно со тројца крупни мажи, и побара да заминеме бидејќи, како што рече, сме ја навредиле келнерката и таа плачела. И сето ова пред очите на сите таму! За среќа не знаеја која сум, бидејќи однесувањето на персоналот кон мене беше засрамувачко“, се жали Папајоану.

По долго инсистирање, Папајоану успеала да зборува со човекот на само, настрана од заинтересираните погледи на присутните крај базенот, но и тоа, вели, не ја подобрило ситуацијата. Ѝ било соопштено дека ќе им дозволат да останат во хотелот, но дека мора да го напуштат барот. Чашата се прелила кога банкарката ја добила собата со поглед на, како што вели, ѓубре.

„Нивното однесување беше срамно и би сакал да ја информирам грчката заедница за тоа што се случи“, вели таа за весникот. Истакнува дека е „длабоко навредена“ за „нечовечкото однесување“ и „дискриминацијата кон нејзината татковина“ и најавува тужба за хотелот.

ОДГОВОРОТ ОД MOHEGAN SUN

Контактиран од весникот по повод инцидентот, претседателот и главен менаџер на хотелот – Реј Пино, одговорил со следнава изјава:

„Се информирав од нашиот персонал кој беше во комуникација со г-ѓа Папајоану и нејзината група за време на нејзиниот престој. Mohegan Sun се гордее со креирање на здрава работна средина за нашите вработени. Во овој случај, нашата вработена преку меѓународна размена беше видно вознемирена и имавме обврска да имаме разбирање за околностите кои довеле до нејзината состојба. Во ниту еден момент немавме намера да предизвикаме навреда или засраменост. Ние во Mohegan Sun се гордееме со високиот квалитет на угостителски услуги за нашите гости.

Што се однесува до картичката на вработената, Mohegan Sun ги охрабрува нашите вработени преку меѓународна размена гордо да ја прикажуваат земјата од која доаѓаат на нивните картички со името. Ова беше ненамерна грешка. Оттука па натаму ќе преземеме чекори да го потврдиме коректното име на местото на потекло и ја корегиравме картичката на оваа вработена во ‘Северна Македонија’“

Concerning the name tag, Pineault told TNH, “Mohegan Sun encourages our international exchange employees to proudly display their country of origin on their name tags. This was an honest mistake. Moving forward we will take steps to confirm proper name of place of origin and have corrected this employee’s name tag to North Macedonia.”

ГРЧКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА СО ЧЕСТИТКИ ДО ПАПАЈОАНУ

Димитрис Филипидис – директор на „Пан-Македонската асоцијација во САД“, го пофали ставот на Ненси Папајоану, а го осуди однесувањето на управата на хотелот.

„Сакаме да ѝ честитаме на г-ѓа Папајоану, која не се двоумела да проговори за евидентната историја и да ја презентира вистината за балканската историја… Веруваме дека нејзиното однесување треба да биде пример за сите нас во секој таков случај на провокативно лажирање на нашата историја. Не треба да се колебаме да зборуваме за наследната грчкост на Македонија и да им одоговориме на сите оние што ја потценуваат нашата интелигенција и ја заташкуваат историската вистина. Овие специфични ставови на Скопје се доказ за тоа што катастрофалниот Преспански договор веќе го произведе“, вели Филипидис.

 

Како што истакнуваат од весникот, патем, еден од директорите на компанијата Mohegan Gaming & Entertainment е Марио Контомеркос – Американец со грчко потекло.

Извор: The National Herald

- Реклама -