Грчева:А нормално ви е да се среќаваат ,,лидерите“ со Хан, Рикер и да се мајмунираат по амбасади?

Гледам бурни реакции за мојата посета кај Пендаровски. Е сега вака:

Сакате враќање на името и на атрибутите на македонскиот народ?

Очекувате тоа да го направат овие кои продадоа се, изведувачот со подизведувачот?

Знаете дека во секој изборен циклус, иако гласаат, над 100.000 граѓани немаат свој претсавник во Собранието? Ова е неправда.

Ако ви се јасни овие работи, треба сите заедно да бараме промена во изборниот модел (една изборна со отворени листи), скромно финансирање на сите партии (а не со баснословни суми со кои купуваат гласови) и еднакво медиумско претставување.

Ако сте за ова погоре, речете му благодарам на Глас за Македонија кој ја отпочнува оваа тешка и неизвесна битка против оние кои сложно си го прават Изборниот законик за да владеат бесконечно.

За ова одлучува ДИК, претседателот и сите парламентарни партии. Кај сите сме испратиле писма и ќе одиме и ќе го бараме ова. Не да молиме, туку да испорачаме барања!

Тажно е што некои од неразбирање, а некои од партиска заслепеност не ја ценат или не ја разбираат оваа наша битка.
А нормално ви е да се среќаваат ,,лидерите“ со Хан, Рикер и да се мајмунираат по амбасади? “-напиша Солза Грчева по нејзината средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

- Реклама -