Поранешната пратеничка на СДСМ и претседател на партијата „Глас“, Солза Грчева шокиурана од сознанието дека во документите нема да 1 пишува во која држава е родена согласно обврските што ова земја ги презема со Преспанскиот договор според кои и во личните документи на гражаните нема да смее да се употребува името република Македонија – официјално име на државата до пред уставните измени во декември.
Повод е информацијата дека на сите родени пред Преспанскиот договор во изводот на раѓање наместо имеро Република Македонија ќе стои /////.
„Јас сум била родена во државата ///, а мајка ми починала во истата таа ///.
Луди бре! Јас сум родена во Македонија и моите страдале за Македонија, каде ги оставиле коските!!!
Од тоа нема отстапување за никакви ваши белосветски авантури! – коментира пратеничка Солза Грчева.