Гратчето во кое се живее барем до 100-ка

cc342f2e655c8ca1ed7d1e89b8b8353f[1]

Освен што италијанското гратче Ачароли е познато како градот за кој се смета дека го инспирираше Ернест Хемингвеј да ја напише „Старецот и морето“, познато е и по тоа што на неговите жители некако тешко им се умира пред 100-ка. Многумина се имаат обидено да ја откријат тајната зошто луѓето од ова место на југот на Италија живеат толку долго – има околу 2.000 жители, а 300 од нив се на возраст од 100 или повеќе години. Сега истото ќе се обидат да го направат и група истражувачи од САД и Италија.

„Целта на ова долгорочно истражување е да се утврди зошто овде дури 300 луѓе живеат по сто години, а тоа ќе се направи со помош на генеричка анализа и испитување на стилот на живот, исхраната и физичката активност“, вели Алан Мисел, професор по кардиоваскуларна медицина од Медицинскиот факултет во Сан Диего. Надежта е дека евентуално позитивните резултати од ова истражување ќе можат да се применат и пошироко низ светот.

51586fb984dafdaf56f23a47f566ef77[1]Заштитен знак на гратчето е ниската стапка на срцеви заболувања и Алцхајмерова болест. Жителите на Ачароли јадат пред сé класична медитеранска храна, богата со риба и маслиново масло. Нивната исхрана често е зачинета со рузмарин – лековита билка за која се тврди дека придонесува за зачувување на здравјето во поодминати години. Поранешените истражувања покажаа дека соединенијата на карнозинската киселина, која ја има во рузмаринот, влијаат врз помнењето, но се добри и за зачувување на видот, а благодарение на слободните радикали го чуваат и мозокот. Други студии покажаа и дека рузмаринот има и антивоспалително дејство и е добар сојузник во борбата против тумори.

Од друга страна, жителите на Ачароли имаат своја теорија: дека долговечноста е последица на долгото пешачење по планини.

v212404[1]Вака или така, студиите ќе опфатат тестови со кои ќе се утврдат когнитивните функции, метаболизмот, ќе се направат биомаркери за да се утврди ризикот од срцеви заболувања, Алцхајмерова болест, болести на бубрезите и карцином. Жителите ќе донираат и крв за анализа.

„Овој проект не само што ќе помогне да се открие тајната за здравиот живот туку и ќе доведе до подобрувања за негата на постарата популација во светот“, изјави Салваторе ди Сома, докторот кој го предводи истражувањето.

- Реклама -