Гратчето што дишe Вијагра наместо воздух

Онаа песната вика „љубовта е во воздухот“, ама во ирското крајбрежно гратче Ringakiddy во Кантри Корк во воздухот има многу повеќе Вијагра.

Инаку е мало и типично мирно место, ама според сведоштвата на локалните, ситуацијата во гаќите е далеку побурна. Тоа е затоа што во Рингакиди има фабрика на Pfizer каде што се произведува Вијагра, а пареата што се испушта, наводно, ја дишат сите локални – не само луѓето, туку и животните.

Сади О’Грејди, локален жител, се шегува дека веќе со години бесплатно ја добиваат „љубовната пареа“. Неговата сопруга Деби додава: „Едно помирисување и камен си“.

Наводно, испарувањата ги афектираат и локалните кучиња. Фиона Туми, психијатриска сестра, потврдува:

„Дури и кучињата овде шетаат во состојба на сексуална возбуда. Мислам дека Вијаграта има навлезено во изворите на вода. Убедена сум дека тоа се случило на самиот почеток, пред (фабриката) да биде строго регулирана“.

Некои од жителите тврдат дека гратчето доживува и бум во наталитетот. Почетокот на тој тренд, наводно, „коинцидира“ токму со тајмингот на отварањето на фабриката во 1998 година.

Од Pfizer, нормално, тврдат дека „Вијагра во воздухот“ е само забавен мит. Тие биле секогаш професионални и почитувале стандарди и бла бла бла. Гаќите на локалните веројатно најдобро знаат.

 

- Реклама -