Градови со премногу „густ“ сообраќај

Компанијата INRIX состави интересна листа на градови со премногу густ сообраќај во Европа и Северна Америка, каде сообраќањето низ нив е сведено на висок степен на нервоза и непријатности.
Компанијата INRIX состави листа на „најлошите за возење“ градови во Европа и Северна Америка. За оваа цел е ангажиран тим на професионалци кои ја проценувале разликата во брзината на движење на конкретен дел од патот, во „шпицовите“ и при не толку оптовараена со сообраќај делница. Освен тоа експертите го оценувале и средното количество часови кои возачите ги поминуваат зад управувачот во центрите на градовите, како и просечниот број на патувања во годината.

Според овие анализи излегува дека најоптоварен е сообраќајот во Милано. Во просек локалните возачи поминуваат 57 часа годишно во своите автомобили. Тоа донекаде се „судира“ со тврдењата на производителот на уредите за навигација – TomTom, според кои полош е сообраќајот во Москва.

На второ место според рејтингот на INRIX е Брисел, а на трето  Антверпен.

Пласман на 20 најоптоварени со сообраќај градови:
1. Милано
2. Брисел
3. Антверпен
4. Хонолулу
5. Лос Анџелес
6. Лондон
7. Сан Франциско
8. Манчестер
9. Париз
10. Ротердам
11. Остин
12. Нотингем
13. Гент
14. Монтреал
15. Ливерпул
16. Њујорк
17. Бриџпорт
18. Штутгарт
19. Бирмингем
20. Сан Хозе

- Реклама -