Во индонезискиот град Баликпапан во тек е вонредна состојба. Приморскиот град, како и водата во негова близина, смрдат на бензинска пумпа, велат локалните официјални лица.
Како што изјави градскиот секретар, во овој град на островот Борнео вонредната состојба трае веќе три дена, откако викендов се излеа нафта во заливот кај Семајанг Порт.
AP потсетува дека во саботата изби и пожар во кој настрадаа четворица и исчезна едно лице, додека пак кон небото се крена голем облак од задушувачки црн чад.
“Во градот е прогласена вонредна ситуација поради нафтена дамка, и заливот сега е како бензинска пумпа“, вели секретарот. „Ги потсетуваме работниците и населението да се воздржат од палење цигари, и безбедноста да им биде приоритет во секој момент“.
Дел од атмосферата (од 0:25 во видеото):