Градот како сцена: Изведување на јавниот простор

Во среда, на 16 октомври на Градежниот факултет во Скопје, во оранизација на Акто фестивал, ќе се одржи настанот ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот во простор”.

Настанот ќе започне во 19:00 часот со Градот е јавност – Приказна за шетачката Предавање и разговор: Софија Григораиду (кураторка – МСУ Скопје), Владимир Јанчевски (куратор – МСУ Скопје) и Филип Јовановски (Архитектонски факултет УКИМ Скопје). Учесници: Мартина Пенева, Екатерина Николовска, Крсто Григораидис, Ивана Самандова, Димитар Милев, Екатерина Добривојевска, Марија Аризанковска, Катарина Томиќ.

Предавањето и разговорот ќе се фокусираат на краток историски преглед на терминот шетач (Фленер/fleneur), како и кураторска рефлексија на новиот перформативен истражуваки проект „Градот е јавност“.

„Градот е јавност“, претставува еден од серијата јавни настани/интервенции во јавен простор развиени во рамки на едукативната платформа „Градот како сцена: Изведување на јавниот простор“.

Работата се надоврзува на неколкугодишното истражување и работа на интердисциплинарниот уметник и архитект, Филип Јовановски во рамки на програмските активности на организацијата „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“ во насока на истражување на јавни простори и подоцна продукција на истражувачки перформативно – театарски проекти (претстави/интервенции) за истите тие простори.

Овој проект следи како надоврзување на работата на ФРУ во објектите и јавните простори како Железничка зграда, Универзална сала, Македонска пошта, објектот Домче, ГТЦ и плоштад „Македонија“ во Скопје.

Авторски концепт: Филип Јовановски. Куратор: Владимир Јанчевски, Софија Григораиду, Креативна продукција: Димитар Милев, Ивана Самандова.

Истражувачи и соработници во процесот на работа: Мартина Пенева, Екатерина Николовска, Крсто Григораидис, Екатерина Добривојевска, Марија Аризанковска, Катарина Томиќ, Мартина Даниловска, Калина Трајановска.

Во 21:00 часот ќе почне настанот ОТВОРЕНА ЛАБОРАТОРИЈА – Изложба + музички перформанс во Макетара на Архитектонски факултет УКИМ Скопје.

Изложба на процес на работа (2013 – 2024) во рамки на Лабораторијата за просторно изведувачки практики. Креативен тим – продукција и изложбен концепт: Димитар Милев,Екатерина Добривојевска, Ивана Самандова, Бојана Вуковојац, Марија Аризанковска, Катарина Томиќ.

АЛЕМБИК е музичко просторна интервенција (дел од музичкаата композиција продуцирана во рамки на проектот Градот сцена II – приказна за шетачката перформативна инсталација 48. МОТ, како дел од павилјонот на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година со наслов „Градот како сцена: Изгубени (модернистички) утопии”

Долгорочниот уметничко-кураторски проект „Градот како сцена“, инициран од Филип Јовановски, претставува едукативно истражувачка и продукциска лабораторија. Оваа платформа, преку создавање активности, кои најчесто имаат перформативен завршеток, има за цел да истражува различни медиуми и нивната интердисциплинарна конекција – визуелна уметност, архитектурата, театар, видео, филм и просторни инсталации. Пристапот и методата на работа, исто така, ја истражува уметничката изразност и потенцијал и во областа на сценографијата како и нејзиното проширено значење, често артикулирано низ новите/современи дефиниции на терминот сценски дизајн, „нова” дисциплина која обединува во себе повеќе уметнички медиуми и создава комплексен (сценски) простор на доживување.

Исто така, една од идеите на овој проект е поврзувањето на просторот/архитектурата, градот и театарот/сцената и како од сето тоа да се извлече приказна, која подоцна ќе прерасне во изведба (интервенција) во јавен простор.

Лабораторијата за просторно изведувачки практики „Градот е сцена“ претставува интердисциплинарна платформа, која во својот фокус го има истражувањето, разбирањето и создавањето на современиот јавен (изведбен) простор преку експериментален, процесен и колаборативен пристап. Покрај вклученоста на студентите и граѓаните во работа кој претставува основа за градење на содржината на проектите со кои ќе се занимава лабораторијата, ваквиот пристап овозможува и можност за активирање на соработка со разни институции на државата и локалната самоуправа, но и проектни соработки со слични колективи од регионот и од Европа кои веќе имаат остварено значителни успеси во процесите на одржување и надградување на вредностите поврзани со дискурсот на јавното во градовите. • Овој пристап на работа е започнат со долгорочниот проект „Кога зградите би зборувале“ (2014 – ) каде во фокус на работата беше урбаната заедница (станарите) во киното на Железничка зграда (јавен простор) во Скопје, проект кој беше претставен во рамки на Прашкото квадриенале за дизајн на перформанс и простор (PQ2019), добитник на главната награда „Златна Трига“ со следното образложение:„Оваа изложба е повеќеслојна заедничка работа која ги спојува многуте форми на сценографии: простор, сцена, изложба, меморија, заедница и комуникација. Тоа покажува како перформансите активираат изложбен простор, како дизајнот поттикнува наратив и сценографијата станува активизам во и надвор од политичкиот контекст”.

Партнери на проектот:Архитектонски факултет – УКИМ Скопје, Институт за уметност и театар од Чешка- Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, Факултет за драмски уметности – УКИМ Скопје, ГЕТЕ ИНститут Скопје.

Проектот е поддржан од Програмата за култура на Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија. Организација: Асоцијација за култура и уметност: Факултет за работи што не се учат –ФРУ/АКТО фестивалПродукција и креативен тим на настанот ГРАДОТ КАКО СЦЕНА: ИЗВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПРОСТОР:Ментор во процесот на работа:Филип ЈовановскиКреативна продукција и програмска координација:Ивана Самандова, Димитар Милев.Креативен тим/концепт за изложба: Димитар Милев, Екатерина Добривојевска, Ивана Самандова, Бојана Вуковојац, Марија Аризанковска, Катарина Томиќ. Истражувачи и соработници во процесот на работа: Мартина Пенева,Екатерина Николовска, Крсто Григориадис Калина Трајановска..Графички дизајн:Ивана Самандова, Екатерина ДобривојевскаКураторска поддршка:Ивана ВасеваФинансии и продукциска координација:Благица ПетроваОдноси со јавност:Биљана СтојановскаСоцијални медиуми:Екатерина Добривојевска, Марија Аризанковска, Катарина ТомиќСценска техника и изработка на сценографија:Марјан Ѓеоргиев

- Реклама -