ГРАДОТ Е ЈАВНОСТ – колективна перформативна обиколка низ Скопје

Во сабота на 29 јуни, со почеток од 19:00 часот кај мензата на студентскиот дом Гоце Делчев, започнува ГРАДОТ Е ЈАВНОСТ – колективна перформативна проба/обиколка низ градот Скопје со водич, како дел од Лабораторијата за перформативно просторно истражување ГРАДОТ КАКО СЦЕНА.

По неа следува ХНУ перформанс истражувачко студио за храна, наука и уметност и музичка селекција на ДЈ Индог на платото пред Музеј на Република Северна Македонија.

Пријавувањето за оваа специјално дизајнирана перформативна тура со водич е на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/1ovGCrBHLDNyl1Rl17xCdHgLFUZVA9pwWAo8vL5E4YQA/edit?ts=667bd3fb

Колективната перформативна обиколка/ проба ГРАДОТ Е ЈАВНОСТ претставува еден од серијата јавни настани/интервенции во јавен простор развиени во рамки на едукативната платформа Градот како сцена: Изведување на јавниот простор.

Работата во рамки на платформата Градот како сцена: Изведување на јавниот простор се надоврзува на неколкугодишното истражување и работа на интердисциплинарниот уметник и архитект Филип Јовановски во рамки на програмските активности на организацијата „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“ во насока на истражување на јавни простори и продукција на истражувачки перформативно – театарски проекти (претстави)/интервенции за истите тие простори. По работата на ФРУ во објектите и јавните простори како Железничка зграда, Универзална сала, Македонска пошта, објектот Домче, ГТЦ и плоштад „Македонија“ во Скопје, новата фаза во рамки на оваа платформа/лабораторија развива нова претстава со работен наслов Градот е јавност.

Оваа перформативна прошетка со публика има за цел да ја вклучи публиката/граѓаните/учесниците во процесот на развојот на идната претстава за градот.
Авторски концепт: Филип Јовановски, Куратор: Владимир Јанчевски, Креативна продукција: Димитар Милев, Ивана Самандова, Марија, Аризанковска, Екатерина Добривојевска. Кураторска поддршка: Софија Григораиду.

Учесници во развојот на оваа перформативна прошетка (студенти од архитектура, млади архитекти и визуелни уметници): Ивана Самандова, Димитар Милев, Катарина Томиќ Мартина Пенева, Тамара Џерков, Марија Аризанковска, Екатерина Добривојевска, Крсто Глигоријадис, Мартина Даниловска, Михаил Паскоски, Ангела Трајкова.

Учесници/шетачи/фленери кои ќе не придружуваат во оваа тура: Никола Гелевски, Вини Хербстајн, Биљана Тануровска-Ќулавковски, Ану Вахтра, Никола Наумоски, Владимир Јанчевски и уште многу други јавни и тајни градски шетачи.

Колективната перформативна обиколка/ проба ГРАДОТ Е ЈАВНОСТ е дел од тридневниот настан „Куќата што се распаѓа“ во продукција на Факултет за работи што не се учат – ФРУ.

- Реклама -