Градоначалникот на Тирана: Подобри соседи и да биравме, немаше да можеме да ги избереме

Кога ќе се затресе тлото, а се тресе секоја вечер, крвта се смрзнува, ја почнува својата приказна Агим Цека, угостител од Драч, додека го гледа својот срушен хотел на самата плажа.

Неговиот Драч, град со повеќе од 300 илјади жители, најмногу настрада во катастрофалниот земјотрес која на 26 ноември рано наутро ја погоди Албанија.

„Само да е главата жива, па потоа ќе размислуваме за обновата на хотелот“, вели Агим, објаснувајќи дека Драч во неделата по земјотресот бил пуст град.

Повеќето жители го напуштиле и се упатиле во други делови од Албанија, на Косово или во Црна Гора. И Агим неколку дена минал во Гусиње, во Црна Гора, кај роднини.

„Првата и втората ноќ по земјотресот спиевме во автомобил на пазарот, првите денови беше катастрофа. Потоа отидов кај семејството во Гусиње. Патувавме долго, бидејќи имаше голема гужва. Сите го напуштаа Драч. За три часа минавме 20 километри“, наведува Агим.

Неговиот хотел има 24 апартмани и голем ресторан. Внатре сѐ е срушено, но носечките темели се здрави па нема да мора да биде урнат до темели, како неколку хотели на драчката ривиера. Агим очекува дека, како што најави албанската влада, обновата на срушените хотели ќе ја преземат изведувачите.

„Баш да видиме, премиерот Рама кажа на телевизија дека сите оние кои ги изведувале работите, имајќи предвид дека не работеле квалитетно, дека повторно ќе ги изградат сите згради и хотели“, вели Агим.

Драч во земјотресот на 26 ноември, со јачина од 6,4 степени по Рихтер, изгуби 25 жители. Од тогаш до денес тлото во Албанија се тресело над илјада и пол пати.

Веднаш по земјотресот е почната истрага. Нецели два дена откако во парламентот даде заклетва, јавниот обвинител Орсиан Цела беше во Драч. Формиран е истражен тим кој наскоро ќе ги претстави резултатите од истрагата.

„Има луѓе кои го прекршиле законот и многумина ги изгубија животите. Одговорноста ќе се утврди, без оглед дали станува збор за градежник или службеник. Во никој случај нема да има коелбање“, кажа Цела во Драч.

Една недела по неговата посета, обвинителството издаде 17 налози за апсење по обвиненија за убиство и злоупотреба на службената позиција поради смртта на 51 лице во земјотресот.

Полицијата и обвинителството соопштија дека првичните истраги покажале дека „причина за губењето животи во урнатите згради е тоа што градежниците, инженерите и инвеститорите не се придржувале на правилата, нормите и стандардите на безбедно градење“.

Во Тирана во земјотресот од 26 ноември настрада дваесетгодишна девојка. За разлика од Драч, во албанската престолнина настрадаа и згради изградени во доцниот комунизам во Албанија, на крајот на 80-те и почетокот на 90-те, кога, како што кажува Ерион Велиај, градоначалникот на Тирана, се градело без каква било контрола. Поновите згради и солитери не се оштетени.

Власта во Тирана се обие 1.200 семејства кои останале без покрив над глава да ги сместат во нови станови во близина на нивниот урнат дом за да не ја менуваат секојдневната рутина.

„Сфативме дека луѓето мора да се вратат на нормалните животни навики, а не да бидат по шатори, во засолништа или спортски сали“, вели градоначалникот. Поради тоа градот за околу 1.200 семејства кои по земјотресот се бездомници веднаш одобри пари за кирија во зграда најблиска до нивната и која не е оштетена. „Значи, одат на истата работа, во истата продавница, децата во истите школу и градинки, пијат кафе во своето кафуле“, објаснува Велиај.

Според податоците на албанските власти, по катастрофалниот земјотрес околу 20 илјади луѓе останале без покрив над главата. Ако живееле во станбени згради, тие се урнати или толку оштетени што во нив, без реконструкција, не може повеќе да се живее. Отворањето на градилиштата се очекува на пролет, а државата на сите кои останале без дом ќе им плаќа кирија во следните 12 месеци.

Вкупната штета на државно ниво че биде, според Велиај, меѓу половина милијарда и милијарда евра.

Албанската престолнина се подготвува за божиќните и новогодишни празници. Целта на градската управа, која ја предводи 40-годишниот социјалист Велиај, е животот во главниот град што побрзо да се врати во нормала. Вели дека по природните катастрофи обично следува „економски потрес“, а градската власт сака тој потрес да го избегне.

„Мислам дека силата на градот е во тоа колку брзо ќе се крене по ваков пад. Така што нашата цел сега е повторно да се кренеме на нозе. Затоа неделава ги отворивме јавните институции, 98 отсто од школите и градинките. Го украсивме градот.

Целата статија на МКД.МК

- Реклама -