Мери Фелпс Џејкоб е големо име во историјата на женската облека. Таа се смета за пронаоѓач на модерниот градник, за првпат патентиран во 1914 година. Пред него единствениот избор за дамите биле корсетите… Или барем така се мислеше.
Во 2012-та, при реновирањето на стариот замок Лангберг во Тирол, Австрија, во свод на замокот се најдени околу 3.000 древни предмети, кои датираат од пред повеќе од 500 години. Меѓу нив и градник.
Зборуваме за периодот кога Леонардо да Винчи сé уште газел по Земјата, а градникот, иако не е во најдобра состојба, јасно потсетува на модерниот и сугерира дека долната облека не е само акцесоар од „новата ера“.
Згора на тоа, градникот е дополнително украсен со чипка, што сугерира дека и во тоа време постоел стремеж долната облека да изгледа ceкcи. Меѓу предметите најдено е и „бикини“, т.е. долен дел, кој очигледно одел во комплет со градникот. Тоа дополнително ја поткрепува претходната теза.