Инспекторатот на Град Скопје денеска на Општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот „Борис Трајковски“. Како што соопштија од Град Скопје, дрвото е исечено без нивна дозвола и одобрение.
„Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира“, порачаа од Град Скопје.
Исеченото дрво стана тема на социјалните мрежи откако беше објавено видео на кое работниците, на прашање од граѓанин, одговараат дека дрвото го сечат за да се гледал билбордот на актуелниот и кандидат за уште еден мандат за градоначалник на Кисела Вода – Филип Темелковски.
Сечеле дрвја за да се гледал билбордот , абе вие не сте нормални 😡 pic.twitter.com/SRTofchj37
— 🍀𝖅𝖔𝖐𝖎 𝕻𝖔𝖐𝖎🍀這裡有很多白痴▬▬ιﺤﺤﺤﺤﺤι▬▬🏴☠▬ι══ﺤ (@Z0KIP0KI) October 7, 2021
Денеска, пак, со своја реакција се јавија и активистите од „Зелен хуман град“, но директно од терен.
„Исекоа дрво за да им се гледа билбордот. Ние засадивме дрво и им го покривме билбордот“, соопштија тие на Фејсбук.