Град Скопје ја зголеми помошта за семејствата на загинатите во несреќата во Бугарија на 3.5 милиони денари

На барање на градоначалничката Данела Арсовска, на денешната втора седница на Советот на Град Скопје, сумата во предлог-одлуката за доделување на паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија се зголемува на 3.5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата, соопшти прес-службата на Град Скопје.

„На оваа седница предлагам оваа ставка да се зголеми на 3.5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа“, изјави Арсовска во обраќањето на втората седница на Советот, по неговото конституирање.

Градот Скопје, како што се наведува во соопштението, уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.

Прочитајте и:  ЈО: Дадени се насоки на Управата за финансиска полиција да се испитаат постапките за јавни набавки за горивото за ЈСП

Првичната сума за семејствата на загинатите изнесуваше 2 милиони денари.

МИА

- Реклама -