Град Скопје доби донација од 50.000 заштитни маски од збратимен град во Кина

50.000 заштитни маски наменети за Град Скопје се примени вчера во амбасадата на Република Северна Македонија во НР Кина, објави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Се работи за донација од збратимениот град на Скопје – Нанчанг. Шилегов изрази благодарност до кинескиот град и кинескиот народ за помошта „во овие критични моменти“.

Шилегов очекува помошта да стигне во Скопје во следниве денови, а ќе биде дадена на располагање на надлежните градски и државни институции.

- Реклама -