Град Скопје апелира Мицкоски да ги вразуми советниците да ги изгласаат програмата за работа на „Комунална хигиена“ и планот за набавка на еколошки автобуси

Град Скопје, преку соопштение, апелира премиерот Христијан Мицкоски да ги врзуми советниците да ги изгласаат програмата за работа на „Комунална хигиена“ и планот за набавка на еколошки автобуси.

– Ја поздравуваме разумноста на претседателот на Владата, за која се надеваме дека е искрена и во насока на одблокирање на процесите во градот Скопје. Апелираме, премиерот Мицкоски да ги вразуми советниците во Советот на Град Скопје, да не тераат инает и уште веднаш на следната седница, да ја изгласаат програмата за работа на „Комунална хигиена“, што седум месеци досега одбиваат да ја донесат, пишува во соопштението.

За првпат во градот Скопје по 30 години, како што се наведува, „Комунална Хигиена“ нема програма за ангажирање сезонски работници, кои се задолжени за одржување на градската хигиена и чистота на градот, „само поради инаетот на советниците од мнозинството“.

Прочитајте и:  Мицкоски: Договорот меѓу „Хеј“ и Државна лотарија е основа за покренување кривична постапка

– Апелираме, Мицкоски да ги вразуми советниците да го изгласаат и планот за набавка на нови еколошки автобуси. Апелираме до премиерот, кога веќе освои апсолутна власт, да ги одблокира претпријатијата, што досега беа блокирани од членовите на управните одбори од неговата партија. Доколку е потребно, Градот Скопје е подготвен да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата, со единствена цел – граѓаните да добијат град каков што заедно, градоначалничката Арсовска и премиерот Мицкоски, ветија во 2021 година, се додава во соопштението.

- Реклама -