Некогаш бил дом на стотина германски рудари кои очајнички барале среќа во намибиската пустина. Меѓутоа, само 100 години откако Колманкскоп „изби“ од песокот како оаза среде Намиб, повторно се враќа прашината од која потекнува.
Туристи и фотографи сега ја преплавуваат оваа пустина за лично да ги видат куќите кои ја губат битката со ветерот и песокот.
Градот е изграден и напуштен во рок од 40 години и со децении е препуштен на милост и немилост на пустината.
Куќите во голема мера се под песок, но рударската компанија De Beers отворила музеј во 1980 година за да зачува барем дел од историјата на Колманкскоп.