Сопственикот на еден египетски ресторан за брза храна во Нов Зеланд комплетно го изигнорирал наоружаниот напаѓач – си имал попаметна работа човекот.
Откако го услужил муштеријата што чекал додека напаѓачот се заканувал, непосредно пред да се упати во кујната да викне полиција, мртов ладен му рекол на ограбувачот: „Ќе одам во кујната да викнам полиција“. На маскираниот и вооружен несреќник, збунет од реакцијата на Саид Ахмед, му останало само да си замине.
„Бев ладнокрвен и тој тоа не го очекуваше“, вели Ахмед за БиБиСи. „Јас сум бизнисмен. Не завршив со муштеријата и приоритет ми беше да го услужам. За момент се исплашив дека (ограбувачот) може да пука, но си помислив дека тоа би ми било судбина. Сепак, мојата смирена реакција го изненади, по што тој побегна“.