Се слушнав со грчкиот колега кој ме информираше дека тие планираат да ги отворат границите во јуни, во мај сè уште ништо. Но мислам дека многу ќе постигнеме со заедничкиот состанок најавен за утре бидејќи може да донесеме некакви мерки коишто ќе ги почитуваат граѓаните од сите околни земји, ако патуваат било каде – рече Филипче.
Објавено 04/05/2020 17:46:30
Во врска со препораките на словенечките власти коишто на своите граѓани им советувале да патуваат со автомобили до блиски дестинации, а да не користат авиони и бродови, министерот Филипче одговори дека има логика во тоа.
– Но прашање е дали и странците би ги почитувале тие препораки? За годишните одмори и патувања во време на пандемијата во летните месеци ќе зборуваме по координацијата со соседните земји. Се слушнав со грчкиот колега кој ме информираше дека тие планираат да ги отворат границите во јуни, во мај сè уште ништо. Но мислам дека многу ќе постигнеме со заедничкиот состанок најавен за утре бидејќи може да донесеме некакви мерки коишто ќе ги почитуваат граѓаните од сите околни земји, ако патуваат било каде. Сметам дека само тоа може да биде една успешна приказна – рече Филипче и нагласи дека непочитување на мерките, не само кај нас, туку и во која било друга земја, е загрозување на јавното здравје – во странство или дома.
Утре Светската здравствена организација за нашиот регион ќе има состанок, а задутре и на самитот на ЕУ на дневен ред е т.н. излезна стратегија од ковид-19.
Можеби ќе ве интересира
За отворање на базените, Филипче одговори дека и таа мерка, како и за сите портски објекти, организацијата на тренинзите и натпревари, ќе се утврди до крајот на оваа недела.
За забелешките од пливачките клубови дека хлорот во водата не влијае на ширење на вирусот, Филипче појасни дека собирањето на луѓето и користење на соблекувалните во базените може да предизвика .проблем.
– Според податоците за сите други респираторни вируси кои досега се појавувале, и за овој вирус експертите очекуваат дека во летните месеци ќе се префрли на Јужната хемисфера. Но постои ризик вирусот наесен да се врати на Северната хемисфера – рече Филипче.