Готвен домат на стар начин без конзерванс

Кога еднаш ќе пробате готвен домат на овој начин, секогаш ќе го правите за зимница.

СОСТОЈКИ: 6 кг домати, 2 лажици сол, 4 лажици шеќер ,кромид, лути пиперчиња, целер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Доматите добро измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги на парчиња. Сомелете ги доматите со машина за мелење и процедете во специјална цедилка.

Ставете во тенџере, додајте сол и шеќер и гответе. Кога ќе зоврие, гответе уште 10-15 минути.

Во рерна загрејте шишиња 10 минути на 100 степени.

Врелиот домат ставете го во врели шишиња. На секое шише ставете парче целофан потопено во алкохол, стегнете со гумица и ставете затварач. Шишињата свиткајте ги во крпа и оставете ги 24 часа да се изладат.

- Реклама -