Специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо објави дека двете екипи се договориле за трансферот, кој ќе чини 100 милиони евра.
Мудрик ќе пристигне на медицински прегледи, по што ќе потпише договор со „сините“ на седум години, односно до јуни 2030 година.
Арсенал претходно понуди 70 милиони евра плус 25 во бонуси, но тоа не беше доволно да го убеди Шахтер да им го продаде Мудрик.