Гостиварка пријавила напад на улица од машко и женско лице

На 25.10.2024 во 12:40 часот во ОВР Гостивар 49 годишната гостиварка Х.П. пријавила дека на улица ,,Мајор Чеде Филиповски” во Гостивар била физички нападната од едно машко и едно женско лице, кои биле со патничко возило ,,БМВ” со гостиварски регистерски таблици.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.

Извор