Гостивар веќе донесе четврто засилување – дојде и Зука од Македонија ЃП!

Есенскиот второлигашки лидер Гостивар веќе донесе и четврто зимско засилување за пролетниот дел од сезонава, овојпат прволигашко откако нов член денеска на последниот ден од 2022 година е Фисник Зука.

Зука кој е поранешен фудбалер на Шкупи, Ренова и Работнички, а играше и за албански Фљамуртари, во Гостивар доаѓа после шест месеци минати во Македонија ЃП, каде играше есеноска. Засилување е за десната бековска позиција во атакот на Гостивар кон пласман во Првата лига

Пред Зука, гостиварци го ангажираа првотимецот на директниот конкурент Вардар, Симеон Христов, а дојдоа и Рејан Абази и младиот Гродијан Христовски.

- Реклама -