Во текот на 14-та недела од 2024 година (01-07.04.2024), во Македонија се пријавени 153 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е 6,1% помалку во споредба со претходната недела, а споредено со истиот период минатата сезона повеќе за 7 %. Податоците се наведени во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Гостивар со 61 заболен од грип е на прво место, по него следуваат: Скопје – 21, Кавадарци – 14, Тетово – 10, а во останатите места бројот на пријавени е помал од 10.
Во однос на возрасната дистрибуција, 106 лица се на возраст од 15-64 години, 26 се деца на возрастод 5-14 години, 13 се лица на возраст над 65 години и 8 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.
Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип во земјава изнесува 14.643. Во Гостивар регистрирани се 1080 заразени.