Откако по седумгодишна пауза ги израдува своите фанови со две нови песни, Џастин Тимберлејк организираше журка по повод издавањето на најновиот албум „The 20/20 Experience“.
Во меѓувреме тој беше посветен на актерската кариера, личниот живот и усовршувaње на сопствениот стил.
На огромно задоволство на фановите, Тимберлејк ги претстави сите песни од албумот, а за своите најблиски пријатели и колеги организираше целоноќна забава во театарот El Rey.
Токму на забавата на присутните им соопшти дека планира и втор дел од албумот на кој ќе се најдат десет нови песни и тоа уште во ноември годинава.
Како гости на забавата се појавија Ана Кендрик, Еми Росум, Холи Робинсон Пит, Ники Рид, Џордан Спаркс, Викториа Џастис, Рајан Сикрест и многу други.
Погледнете ја галеријата со гостите на забавата на Џастин!