Таа поминува месеци во вклучување и исклучување на светлата и преместување на предмети на подот или ѕидовите. Но конечниот резултат од макотрпната работа на Куми Јамашита е нешто специјално, таа создава неверојатни фотографии со сенки. Јапонката која е наречена „господар на сенките“ живее во Њујорк, каде што во своето студио внимателно поставува 3D букви и бројки и експериментира со светлосни извори.