Девет годишниот Зола, еден од осумте горили кои во моментов живеат во зоолошката во Калгари, Канада, стана најновата интернет ѕвезда, благодарејќи на едно YouTube видео од неговите брејкденс таленти. Ова е добредојдена промена за Канада од каде што излегуваа само видеа од нередите во Ванкувер.
Зола бил преселен во Калгари пред две години со уште три млади горили од зоолошката во Бронкс во Њујорк, градот каде што настана брејкденсот. Според сегашните чувари, Зола „обожава да игра во вода и чуварите постојано му овозможуваат да го прави токму тоа.“
{youtube}VNKyG4C2VlA{/youtube}