Ѓорѓиев за евентуалното решение за Гоце Делчев: Јас сум умерен оптимист со задршка

Умерен оптимист со задршка е Драги Ѓорѓиев – координатор на македонската страна во македонско-бугарската екпертска комисија за историски и образовни прашања, по прашањето за тоа дали на следната средба во комисијата ќе се изнајде тн. решение за Гоце Делчев. Тоа ќе зависи од тоа дали ќе има конструктивен и позитивен пристап без навлегување во чувствителните теми, вели тој во разговор со „Вечер“.

„Дали ќе има усогласување по прашањето за Гоце Делчев меѓу македонската и бугарската страна ќе зависи од тоа колку сакаме да ги надминеме различните ставови кои постојат и ги засегаат и двете страни. Јас сум умерен оптимист со задршка. Доколку има конструктивен и позитивен пристап без навлегување во чувствителни теми, ќе има решение. Ние ќе разговараме и затоа и има средби, а што ќе биде ќе видиме“, вели тој. Повеќе ТУКА.

- Реклама -