Ѓорѓи Колозов – никогаш прежалениот цар од Македонските народни приказни

Народните мудрости, кои ни ги пренесуваше на толку симпатичен начин, никогаш нема да бидат заборавени.

Кога ќе се споменат Македонските народни прикази секогаш прва асоцијација ни е Ѓорѓи Колозов. Никогаш прежалениот цар, Господ и селанец, актерот со мил лик и огромен талент, кој го обожаваа сите, од најмладите до најстарите.

Минаа многу години од с*ртта на нашиот великан, но тој сè уште живее во срцата на почитувачите на неговиот лик и дело.

Иако, Колозов живееше само 55 години, а остави наследство за многу наредни генерации.

Од 1984 година, па до 2003 година, Колозов има снимено 300 епизоди Македонски народни приказни. Заедно со неговата сопруга Шенка Колозова тие беа најсимпатичниот пар од ТВ екраните.

Според мислењето на неговите колеги Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски како и сопругата Шенка Колозова, Ѓорѓи бил сценаристот и смислувачот на многу од старите македонски приказни. Тој бил столбот на тој проект и само со неговите размислувања и неговото појавување во истите, тие приказни го имаа тој шарм.

Шенка и самата признава дека таа само следела што сопругот творел и создавал, само му припомагала, и дека без него таа сама немала да го успее истиот успех. Освен во приказните Ѓорѓи има глумено во многу македонски серии како што се Јуначко Колено, Белото Циганче, Трајче Дрварчето, Опстанок, Трст виа скопје и многу други. Од филмовите кавадеречкиот филм Каца, каде го глуми кафенџијата Трајче, Тетовирање каде е еден од затворениците.
Неговото мото било – НЕ САКАМ ДА СЕ НАМЕТНУВАМ. САКАМ КОГА НЕКОЈ ЌЕ МЕ СРЕТНЕ НА УЛИЦА КАЖЕ ЕВЕ ГО ЃОРЃИ А НЕ ГЛУМЕЦОТ.

Затоа Ѓорѓи и се оживуваше во секоја своја улога. И цар и питач и шпараџија и табиетлија и работлив и мрзлив. Секоја улога ја толкуваше како да е во својот приватен живот. Имаше големо срце за сите блиски и оние кои го сакаа. А зарем може некој да не го сака?
Човекот кој што од своите млади години знаел што сака да стане. Човекот кој што сите го засакаа. Човекот кој во секоја човечка душа си најде свое посебно место.
Ѓорѓи не е мртов, Остана да живее во секое македонско срце!!!

Потсетување на дел од неговите цитати:

Пиј си кааве, пиј си тутун, азното само ќе ти дојди!

Апсаана не ми гини, абе ти шутрак си би…

Чунки со рушвет царштина не се крепи бе!

На попе рака, а не дај попе рака…

Овој лаф пари ти чини, злато!

Чај не пиел мрсен му бил!

Кадија те тужи, кадија ти суди.

Свеќа да не палиш, бележана ми е, и дрвата ми се броени.

Ти ова го направи оти си будала или оту си многу умна?

- Реклама -