Горецка одбил понуда од Арсенал.

Фудбалскиот клуб Арсенал се обиде да го засили својот состав во самиот финиш на зимскиот преоден рок, но на крајот не успеа во тоа.

Според информации од германските медиуми, Арсенал го контактирал Леон Горецка за време на јануарскиот преоден рок. Германскиот играч се заблагодарил за понудата, но нагласил дека ќе ја заврши тековната сезона во Баерн Минхен, по што како слободен играч планира да бара нов клуб.

Исто така, Горецка ја одбил и понудата од Атлетико Мадрид и Тотенхем за слична причина.

Арсенал имал намера да најде замена за Микел Мерино, кој ќе биде надвор од теренот неколку месеци.

Во текот на своето време во Баерн Минхен, Горецка одигра 292 натпревари, постигна 47 гола и забележа 48 асистенции, освојувајќи ги сите значајни трофеи.

Фото/ depositphotos