Со потпишување на Договорот за пријателство, влеговме во една вешто поставена стапица од страна на Бугарија, смета поранешниот македонски амбасадор во оваа земја – Марјан Ѓорчев.
Во гостување во „Тема на денот“ на ТВ „Сител“, Ѓорчев оцени дека Бугарија вешто го искористила предлогот за потоа да врши притисок за да „признаеме“ дека македонскиот народ и јазик постојат од 2 август 1944-та година. Според него, со потписот дека имаме заедничка историја и дека „не постои човеково право на бугарските граѓани да се самоопределуваат како Македонци“, ние сме се ставиле во подредена позиција, која Бугарија ја искористи така што преку декларацијата во бугарскиот парламент и преку Бугарската академија на науки (БАН), постави „црвени линии“ кои ние не смееме да ги пречекориме.
Ѓорчев не е оптимист ниту дека ќе дојде до промена на бугарската позиција, бидејќи истата, како што рече, 140 години е градена во бугарската држава и општество. Целиот разговор ТУКА.