Ѓорческа со само еден загубен сет и три добиени меча во два сета дојде во финалето каде за трофеј ќе се бори против Белгијката Јанина Викмаер, која во два сета денеска во второто полуфинале со 6-4, 6-1 ја победи втората турска тенисерка Ченгиз.
Македонската тенисерка немаше преголем проблем за да победи денеска и сега ќе има шанса против 322-та тенисерка перфетно да ја отвори годината со прв трофеј на турнирот со награден фонд од 30.000 долари.
Ѓорческа е 235-та тенисерка на ВТА, а со финалето сега се очекува дополнително да напредува на ранг-листата.